Дрес-код по протокол
Од историската посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас се споделија многу фотографии, но една отвора малку поинаков поглед на дрес-кодот на некои од женските претставнички на грчката делегација. Иако протоколот вели дека жените треба да носат здолниште до колена кое не е тесно, а нагоре задолжително сако, сепак некои сакале малку повеќе да експериментираат.