Рецепт за посен колач од кокос и гриз: Се подготвува за час!

Фото: Профимедиа

Посниот колач со кокос и гриз, а без шеќер едноставно ќе го обожавате, бидејќи се подготвува за кратко време и е неверојатно вкусен!

Состојки:

– 2 чаши гриз
– 2 чаши брашно
– 1,5 шолја масло
– 1 ќесичка сода-бикарбона
– 2 чаши вода
– 3 лажички џем од овошје по ваш избор
– 3 лажици кокосово брашно

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и сипете ги во набрашнета тепсија, освен кокосот.

Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, околу 30 минути. Со чепкалка пробајте дали колачот е печен.

Извадете го од рерна и оставете го да се излади, па посипете го со кокосово брашно.

Пред сервирање, исечете го на коцки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот