д-р Нико Беќаровски/ фото: Слободен печат
д-р Нико Беќаровски/ фото: Слободен печат

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Беќаровски: Токсикологија е преполна со чудни случаи: самоубиствени труења, тинејџер каснат од „црна вдовица…“

Појавата на опасната риба „зајачка глава“ на грчкото приморје, и покрај тоа што засега има само еден потврден случај на контакт со луѓе, создава доза на страв кај туристите што одлучиле ова лето одморот да го поминат кај јужниот сосед. Но колку е оваа риба навистина опасна и дали има простор за паника? Се упативме на Универзитетската клиника за токсикологија, каде што побаравме одговори од д-р Нико Беќаровски, клинички токсиколог со големо искуство.

Тргнавме по прашања за една тема, но се наметнаа многу други сериозни теми како што е алармантниот број на самоубиствени труења, кој, како што вели Беќаровски, е зачудувачки за овој период од годината.

– Невообичаено големи гужви на Токсикологија, а посебно ме изненадува алармантниот број на самоубиствени труења со лекови за овој период од годината, сонце, убаво време, лето. Моменталната слика на нашата клиника покажува и дека доминираат труења со корозивни средства, според кој за жал сме во водечките пет земји во светот по бројот на жители. Станува збор за екстремно тешки препарати коишто предизвикуваат трајни, инвалидизирачки последици. Имаме згрижено и 17-годишен пациент од Штип, каснат од црна вдовица. Тоа е најопасното суштество во Македонија – вели докторот.

Во однос на актуелната тема со рибата зајачка глава (лагоцефалус), д-р Беќаровски не гледа причина за страв и паника. Според него, отровот на оваа риба е термолабилен.

– Се работи за отров кој во најголем број случаи делува локално. Тоа што ја плаши жртвата, условно речено, е интензивната болка при каснувањето. Иако по кратко време болката се намалува, кога сме на одмор не сакаме да чекаме. Голема грешка прават туристите кога сипуваат ладна вода. При убод од ваква риба потребно е раната да се исчисти со топла, жешка вода над 42 степени, колку што можете да издржите. Да се потопи ногата или местото каде што е убодот околу еден час, така самиот отров ќе се разгради. Кај луѓе со алергени предиспозиции може да предизвика благи локални манифестации – вели нашиот соговорник.

Разговараме и за пиењето безбедна вода кога одиме во странство, дали тој преферира вода од чешма или флаширана, како и за видовите храна кои се ризични на високи температури. Докторот ги појаснува и ризиците по здравјето од коцките мраз во летните пијалаци, а разговорот го заокружуваме со популарните митови што кружат меѓу луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот