ВИДЕО | Toрес го скрши аргентинскиот бункер, Шпанија по продолженија до втора светска титула
Репрезентацијата на Шпанија е новиот светски шампион откако вечерва во Њу Џерси со 1-0 по продолженија ја совладаа Аргентна.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ниту, Шпанија, ниту Аргентина не ризикуваа од самиот почеток, повеќе се мислеше на својот гол отколку да се нападне. Со таква игра не видовме ниту една посериозна прилика. Шпанија упати два удари во рамките од голот, меѓутоа тоа не беа удари кои му создаваа проблеми на Мартинез.
Пред крајот на полувремето и Кукуреља упати удар кој заврши покрај голот.
Сликата на теренот не се промени многу ниту во второто полувреме, Аргентина продолжи трпеливо да чека грешка на Шпанците, додека „Фуријата“ имаше инцијатива и најчесто се обидуваше со удари надвор од шеснесесетникот.
Така не видовме погодоци, па се играа продолженија. Шпанија таму имаше и дополнителна предност затоа што Енцо Фернандез во последните моменти заработи втор жолт картон.
Во таква ситуација Шпанија успеа конечно во 106. минута да реалзира една од своите шанси, човек на одлука беше Феран Торес кој стрелаше по асистенција на Нико Вилијамс.
За Шпанија ова е втора светска титула, по онаа во 2010 година кога исто така славеа победа по продолженија, тогаш против Холандија кога Инииеста беше херојот.


