Украина нападна магацини за нафта на југот на Русија, избувнаа големи пожари
Гувернерот не ги именуваше погодените згради, но рече дека делумно е прогласена вонредна состојба. Зградите беа евакуирани, а жителите беа преместени на безбедно место.
Украинските напади со беспилотни летала насочени кон руската нафтена индустрија предизвикаа неколку големи пожари на југот од земјата, објавија денес руските власти.
Препорачано
Локалните медиуми објавија дека три магацини со нафта се запалиле во регионот Ставропол. Гувернерот на Ставропол, Владимир Владимиров, потврди дека имало неколку пожари и експлозии во индустриските објекти и рече дека нема извештаи за повредени.
Гувернерот не ги именуваше погодените згради, но рече дека делумно е прогласена вонредна состојба. Зградите беа евакуирани, а жителите беа преместени на безбедно место.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видеа на кои се гледа, како што рече, како горат објекти.
„Ќе продолжиме со нашата реакција на руските напади на целосно оправдан и прецизен начин“, рече тој, додавајќи дека цел биле и танкери на руската тајна флота во Црното Море.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
7час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


