Фото: Принтскрин / Икс/@InfosFrancaises

Шумските пожари во Шпанија уништија повеќе од 13.000 хектари земја

Шумскиот пожар што избувна изминатава недела на околу 100 километри северно од Мадрид зафати повеќе од 13.000 хектари, објавија денес локалните власти.

Пожарот во регионот Гвадалахара уништи 13.000 хектари земја и загрози повеќе од 700 луѓе, објави противпожарната служба одговорна за централниот регион на Шпанија.

Околу 350 пожарникари и припадници на единицата за вонредни ситуации на шпанската армија беа испратени во загрозеното подрачје, со поддршка на 25 авиони, пишува „Монд“.

Пожарот избувна во планинска шумска област што е живеалиште на загрозени видови орли и волци.

Се очекува топлотниот бран да трае до четврток, кога во изолирани области температурата би можела да надмине 45 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот