Веб платформата СлободенПечат.мк е дел од медиумската компанија ДРУШТВО ЗА ИЗДАВАЊЕ И МАРКЕТИНГ – СЛОБОДЕН ПЕЧАТ ДОО СКОПЈЕ (ЕДБ-МК4057013522738), која во своето портфолио ги има следните содржини:
- Најтиражниот дневен весник Слободен Печат со сите свои додатоци, вклучувајќи го и додатокот СП Неделник, кој излегува еднаш неделно во состав на викенд изданието на весникот Слободен Печат
- Веб порталот www.slobodenpecat.мк (еден од најчитаните информативни портали во Македонија)
- Видео платформата www.slobodna.tv на која секој работен ден во живо се емитува „Утрински брифинг“, под палката на уредникот проф. Сашо Орданоски.
Информациите кои се пласираат преку нашите медиуми се обезбедуваат преку сопствената новинарска мрежа како и од неколку медиумски издавачи од регионот (преку регулирани договори за соработка/авторски права) како што се:
- Vijesti.me/ Podgorica/ Crna Gora
- Oslobodjenje.ba/ Sarajevo/ BiH
- Nedeljnik.rs/ Beograd/ Srbija
- Efimerida ton Sintakton/ Atina/ Grcija
- Capital.bg/ Софија/ Бугарија
- DW.com (Deutsche Welle) / Bonn/ Germanija
Дел од содржините се преземаат и од платените медиумски сервиси како што се МИА, BETA, ANADOLU AGENCY.
Фотографиите и видеата се користат се од сопствените извори како и од платените сервиси EPA и PROFI MEDIA.
Бесплатно преземање содржини од СлободенПечат.мк надвор од овие услови е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на СлободенПечат.мк односно со одговорниот уредник.
Дозволено е бесплатно преземање на вести, колумни и други написи од СлободенПечат.мк под следните услови:
- дозволено е да се преземе наjмногу 30% од содржината на текстот
- на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (обjави) линк до оригиналниот текст на СлободенПечат.мк
- ако текстот е потпишан од конкретен автор од СлободенПечат.мк, во преземениот текст задолжително треба да се наведе и името на авторот
- насловот на текстот задолжително треба да започне со зборот „СлободенПечат.мк“ и со интерпункцискиот знак две точки
- дозволено е да се преземат најмногу пет содржини дневно.
Преземање видеа и фотографии е дозволено само во договор со одговорниот уредник на СлободенПечат.мк.
Тој што ќе објави содржина (вест, извештај или друг напис) надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на СлободенПечат.мк да му исплати надомест од 12.000 денари за една содржина.
Тој што ќе објави колумна надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на СлободенПечат.мк да му исплати надомест од 12.000 денари за една колумна. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот на колумната.
Тој што ќе објави видео или фотографија надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на СлободенПечат.мк да му исплати надомест од 12.000 денари за едно видео или една фотографија. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот.
За прекршувања на овие услови, издавачот на СлободенПечат.мк го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Горенаведеното не важи за содржини и фотографии кои Слободен Печат ги презема од платените сервиси како и од наведените медиумски издавачи од регионот.