ИНФОГРАФИК: Сиљановска го победи Пендаровски со разлика од над 300 илјади гласови

Со победа на Гордана Сиљановска-Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ, според првичните резултати на ДИК завршија претседателските и парламентарните избори во земјава. По преброени 99,09 отсто од гласачките ливчиња, Сиљановска-Давкова освои 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%). Сиљановска е првата жена претседател во земјава. Според податоците од ДИК, Пендаровски победи само …

ИНФОГРАФИК: Сиљановска го победи Пендаровски со разлика од над 300 илјади гласови Read More »

ИНФОГРАФИК: Како ќе изгледа новиот собраниски состав?

Од досегашните обработени податоци на Државната изборна комисија (99,27%) за парламентарните избори, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот собраниски состав. Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ …

ИНФОГРАФИК: Како ќе изгледа новиот собраниски состав? Read More »

ДИК: Излезеноста до 17 часот на претседателските избори 39,33 отсто

До 17 часот на претседателските избори гласале 707.565 граѓани или 39,33 отсто. На парламентарните избори излезноста до 17 часот е 45,88 отсто, односно гласале 828.029 граѓани. Овие податоци се од официјалната веб-страница на ДИК. Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски најмала излезност на претседателските избори има во Липково – 6,48 …

ДИК: Излезеноста до 17 часот на претседателските избори 39,33 отсто Read More »

До 13 часот излезноста на претседателските избори е 22,78, а на парламентарните 25,77 отсто

До 13 часот излезноста на претседателските избори е 22,78, а на парламентарните 25,77 отсто. Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 отсто. Најмалата излезеност за Претседателските избори е во Липково, со 3.28 отсто. -Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.49 …

До 13 часот излезноста на претседателските избори е 22,78, а на парламентарните 25,77 отсто Read More »

Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира следната Влада

Денеска заедно со вториот круг од претседателските избори се одржуваат и единаесетите парламентарни избори. Избирачите ќе може да гласаат со заокружување на еден од редните броеви пред 17-те листи на кандидатите за пратеници. Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија …

Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира следната Влада Read More »

Граѓаните избираат шеф на државата

Кандидати за нов претседател на државата во вториот круг од претседателските избори се Гордана Сиљановска Давкова, поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ. За претседател е избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40 проценти од избирачите. Доколку и во вториот круг на …

Граѓаните избираат шеф на државата Read More »

Македонија гласа на двојни избори

Во Македонија денеска се одржуваат вториот круг од седмите претседателски избори и единаесеттите парламентарни избори. На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која во првиот круг од изборите на 24 април освои 363. 085 гласови, и Стево Пендаровски, кој доби 180.499 гласа. На …

Македонија гласа на двојни избори Read More »

Претседателски избори: Сиљановска со двојна предност во првиот круг, Пендаровски победи само во две општини

Во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните избори, влегуваат Гордана Сиљановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски кандидатот на СДСМ. Силјановска Давкова во првиот круг победи во 60 општини и освои вкупно 362.682 гласови, додека Стево Пендаровски победи само во две општини – Крушево и …

Претседателски избори: Сиљановска со двојна предност во првиот круг, Пендаровски победи само во две општини Read More »

На претседателската фотелја досега седнаа петмина – сите претседатели на Македонија од Глигоров до Пендаровски

Претседателските избори на 24 април ќе бидат седми од независноста на државата. На претседателската фотелја досега седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандати, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, како и Стево Пендаровски, кој повторно се кандидира за шеф на државата. …

На претседателската фотелја досега седнаа петмина – сите претседатели на Македонија од Глигоров до Пендаровски Read More »

Седум кандидати во трка за претседателската фотелја

Во Македонија денеска се одржуваат седмите претседателски избори, а во трка се седум кандидати. Право на глас имаат 1.814.317 избирачи, од кои за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, на 3.480 избирачки места во целата земја. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Под реден број еден на …

Седум кандидати во трка за претседателската фотелја Read More »