До 13 часот излезноста на претседателските избори е 22,78, а на парламентарните 25,77 отсто

Инфографик: Избори 2024/„Слободен печат“, Елисавета Бејкова

До 13 часот излезноста на претседателските избори е 22,78, а на парламентарните 25,77 отсто.

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 отсто. Најмалата излезеност за Претседателските избори е во Липково, со 3.28 отсто.

-Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.49 отсто на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.7 отсто, наведува ДИК.

Инфографик: Избори 2024/„Слободен печат“, Елисавета Бејкова

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48.65 проценти. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11.91 процент.

-Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2.03 проценти на овие избори, укажуваат од Комисијата.

Инфографик: Избори 2024/„Слободен печат“, Елисавета Бејкова

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна: Изборна единица 1 – 31.18 отсто, Изборна единица 2 – 23.91 отсто, Изборна единица 3 – 29.18 отсто, Изборна единица 4 – 26.40 отсто, Изборна единица 5 – 25.04 отсто, Изборна Единица 6 – 16.71 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот