Д-р Беќаровски за арсенот во Валандово: Водата за пиење е премногу скапоцена суровина, за водоводите да се остават на импровизатори
Д-р Нико Беќаровски го коментираше откривањето на превисока концентрација на арсен во водата од градскиот водовод во Валандово. Тој ги објасни опасностите од долготрајно изложување на арсен, а им даде и некои совети на валандовци.
Препорачано
Еве ја во целост објавата на д-р Беќаровски:
„Денес во јавноста молскавично се рашири веста дека во валандовскиот водовод е детектирано ниво од 14 ppb АРСЕН, што реално преставува 40% повисока концентрација од максималната дозволена од СЗО. (10 ppb)
Бидејќи сум само еден од тројцата супспецијалисти клинички токсиколози во Македонија, “си дозволив” ЈАВНО да ги советувам граѓаните на Валандово.
1. Ефектите при овие концентрации исклучиво зависат од должината на конзумирање на водата.
2. Краткорочното конзумирање, неколку дена до неколку недели за најголем дел од населението НЕМА НИКАКОВ ЗДРАВСТВЕН РИЗИК И НЕМА ДА СЕ МАНИФЕСТИРААТ НИКАКВИ СИМПТОМИ.
3. НЕМАТЕ АПСОЛУТНО НИКАКВА ПОТРЕБА ДА ТРЧАТЕ ПО ДОКТОРИ, БИДЕЈЌИ АКУТНО ТРУЕЊЕ СО АРСЕН НАСТАПУВА ПРИ ДОЗИ КОИ СЕ ИЛЈАДА ПАТИ ПОВИСОКИ !!!!
4. Оваа вода токсиколошки е апсолутно безбедна за техничка употреба и туширање !!!!!
5. Вриењето или користењето на на достапните филтри за чешми нема да ја намали концентрацијата на АРСЕН.
6. Хроничното пиење на ваква вода (повеќе години, децении) може да даде ЗНАЦИ ЗА ХРОНИЧНО ТРУЕЊЕ како:
> Темни пеги на кожата,
> Задебелување на кожата на дланките
> Хипертензија
> Инсулинска резистенција,
> Трнење по рацете поради neuritis
> Канцерогеност од 1 група, со зголемен ризик за рак на мочниот меур, бубрезите, кожата и белите дробови.
7. Нема апсолутно никаква потреба од паника и страв, но ако резултатите се континуирано високи, мора да се најде причината или да се обезбеди алтернативен извор за граѓаните.
8. Нема потреба да се тврди дека резултатот можеби е грешен, туку напротив да се бара изворот на контаминација.
ДРАГИ мои ВАЛАНДОВЧАНИ, апсолутно мирно спијте вечерва, а драги мои ГОСТИВАРЧАНИ, ви посакувам што помалку топли денови, сè додека од Вашите чешми не потече вода достојна барем за туширање.
П.С. водата за пиење е премногу скапоцена суровина, за водоводите да се остават на импровизатори и несоодветно едуцирани послушници“, вели
д-р Беќаровски во објавата.
По Гостивар, аларм и во Валандово — арсенот во водата за пиење е над дозволеното ниво


