Фото: Слободен печат

Две жени во неволја и момент на човечка топлина — невремето во Скопје изнедри барем една убава приказна

Силното невреме во Скопје, поради кое 15 луѓе завршија во болница, а многумина од жителите на главниот град вечерва ја пресметуваат штетата врз имотот, сепак изроди и убави приказни. Една од нив забележа поетот и мултимедијален артист Гаврило Миловановиќ, од прозорец во неговиот дом, набљудувајќи го невремето.

Приказната, за да ја зачуваме автентичноста на изразот, ја пренесуваме како што ја раскажа тој:

„Неверојатна сцена. Од прозор кон автобуска гледам како летаат чаршафи и кровови додека две жени во пластичната отворена чекална чекаат автобус. Ветрот почна буквално да ги треска од клупа и од земја како на филм од Хичкок. Отспротива за дрво се држи еден господин кој исто не може да им пристапи. Стануваат госпоѓите некако обидувајќи се да си помогнат меѓусебно и одеднаш се гушнаа. Така останаа цели три минути додека не заврши невремето. Фасцинантно е колку основното познавање од хемија и физика помага кога знаеш за тежа и оска и температура но уште пофасцинантно е тоа што ова беше интуиција, емпатија, потреба од човечка гушка во најтешките мигови, космос, љубов, бог. Доказот дека човек е најубав кога е заедно…“, раскажа Миловановиќ во објава на „Фејсбук“.

ФОТО+ВИДЕО | Бесно невреме удри врз Скопје — орканскиот ветер корнеше покриви, кутна стотици дрвја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот