Фото: Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Од Косово и Албанија вечерва надоаѓа ново опасно невреме, предупредува УХМР

По страотното невреме кое попладнево остави пустош низ Скопје, метеоролозите предупредуваат дека кон Македонија се движи нов нестабилен фронт – УХМР издаде предупредување за нови поројни дождови и грмежи, како и за опасност од град.

Невремето, кое помина преку Црна Гора во текот на денот, доцна попладнево ги зафаќа Албанија и Косово и се движи кон нашата земја. Овој пат, не се прогнозира силен ветер, туку главнат опасност доаѓа од можните силни врнежи, велат синоптичарите.
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелираат граѓаните да бидат особено внимателни, да избегнуваат престој на отворено за време на невремето, да не се засолнуваат под осамени дрвја, да ги заштитат возилата доколку е можно и да ги следат известувањата од надлежните институции.

Институциите ги повикуваат граѓаните да не ги блокираат одводните канали и сливници, да ги отстранат предметите од тераси и дворови кои може да бидат однесени од невремето и да пријавуваат опасни ситуации на бројот 112.

ВИДЕО | Дрво што падна за влакно промаши автомобил, невремето остави пустош и во Градскиот парк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот