Фото: Прес24 / принтскрин

ВИДЕО | Паднат е огромниот јарбол кај „Ист гејт мол“

Силното невреме со оркански ветер, кое попладнево го погоди Скопје, го урна и јарбол висок 60 метри, поставен кај трговскиот центар „Ист гејт“ и хотелот „Континентал“.

Порталот „Прес24“ објави снимка од местото, по бруталното невреме кое собори стотици дрвја, корнеше покриви и предизвика голема штета низ целиот град. Јарболот, како што може да се види, е прекршен и паднат во тревата во средината на кружниот тек.

Од невремето протече и покривот на Скопскиот аеродром, каде патниците мораа да поминуваат низ големи езера кои се создадоа во холот.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи соопшти дека е мобилизиран кризниот штаб, како и дека службите на Градот ќе работат цела ноќ.

ФОТО+ВИДЕО | Бесно невреме удри врз Скопје — орканскиот ветер корнеше покриви, кутна стотици дрвја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот