Фото: Принтскрин/Инстаграм/Oliverakatarinaofficial

Почина легендарната Оливера Катарина, една од најголемите ѕвезди на југословенската сцена

Оливера Шакиќ, позната под уметничкото име Оливера Катарина, една од најзначајните и најхаризматичните уметници од просторите на поранешна Југославија, почина на 87-годишна возраст, потврди нејзиното семејство. Информациите за комеморацијата и погребот ќе бидат дополнително соопштени, пишува српски „Телеграф“.

Во текот на својата шестдецениска кариера,  таа остави неизбришлив траг како актерка, пејачка и писателка. Светската и домашната слава ја стекна со улогата во култниот филм „Собирачи на пердуви“ (Skupljači perja) на режисерот Александар Петровиќ, кој беше номиниран за Оскар и награден на престижниот филмски фестивал во Кан.

Оливера Катарина на Филмскиот фестивал во Кан Фото Принтскрин Инстаграм Oliverakatarinaofficial

Забележителни улоги оствари и во остварувањата „Сон“, „Утро“, „Велосипедисти“, како и во бројни телевизиски драми и театарски претстави. За својата актерска изведба ја доби и престижната награда „Златна арена“ на фестивалот во Пула.

Покрај нејзината актерска кариера, Оливера Катарина беше препознатлива и по својот единствен пејачки израз, изведувајќи шансони и староградски песни во најгледаните концертни сали ширум светот, меѓу кои и познатата париска „Олимпија“, каде што оствари огромен успех.

Оливера Катарина и Џина Лолобриџида/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Oliverakatarinaofficial

Нејзиниот талент се потврди и во литературата преку автобиографската книга „Јас, Оливера“, во која го опиша својот животен и уметнички пат. Таа ќе остане запаметена како уметница со единствена енергија и автентична магија на сцената.

ФОТО | Го маѓепсала и Тито, а неговите луѓе ја труеле: Најубавата актерка денес живее во беда и сиромаштија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот