Откажан вечерашниот концерт на Џос Стоун во Скопје — силното невреме ја уништи опремата
Силното невреме што го зафати Скопје денеска напладне го оштети просторот на стадионот АРМ и комплетната продукциска опрема предвидена за вечерашниот концерт на светската музичка ѕвезда Џос Стоун, поради што настанот е официјално откажан. Од „Авалон продукција“ излегоа со итно соопштение до јавноста во кое објаснуваат дека по направената процена, не постојат ниту минимални услови за безбедна реализација на концертот.
Препорачано
„Како што може да претпоставите, невремето предизвика оштетување на комплетната продукциска опрема, како и на просторот предвиден за одржување на вечерашниот концерт на Џос Стоун. По извршената процена на состојбата, беше констатирано дека не постојат никакви услови салата и продукциската опрема да се доведат во состојба што би овозможила дури и минимални услови за безбедна реализација на концертот. Дополнително, добивме информации дека постои можност помеѓу 21:00 и 22:30 часот повторно да има невреме и поради тоа, од безбедносни причини, не постојат никакви услови концертот да се одржи. Сите информации околу повратот на средствата ќе ги добиете во текот на утрешниот ден“, соопштија од „Авалон“.
View this post on Instagram
Сите граѓани кои веќе имаат купено билети, деталните информации за начинот и процедурата за поврат на средствата ќе ги добијат во текот на утрешниот ден.
Џос Стоун за првпат на отворено во Македонија: Светската соул дива го отвора „Скопје колинг 2026“


