Оливија Вајлд: Врската со Хари Стајлс ми нанесе штета и на кариерата и на приватниот живот
Американската актерка и режисерка Оливија Вајлд изјави дека негативните реакции од јавноста за време на нејзината љубовна врска со пејачот Хари Стајлс сериозно и наштетиле на нејзината кариера, но и на приватниот живот. Вајлд и поранешниот член на популарната група „Уан дајрекшн“ беа во врска речиси две години, а раскинаа во 2022 година, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Гостувајќи во поткастот на Луис Теру, 42-годишната Вајлд се осврна на бројните скандали што го следеа нејзиниот филм „Не грижи се, мила“ од 2022 година, на чие снимање го запозна 32-годишниот Стајлс. Таа истакна дека интензивното медиумско внимание му наштетило на самиот филм, но оставило и сериозни последици врз нејзиниот приватен живот, признавајќи дека тогаш сфатила колку интернетот може да биде суров и токсичен.
И покрај тоа, Вајлд неодамна истакна дека нивната врска била нежна и исполнета со радост и дека не се кае за времето минато заедно. Денес таа е во врска со британскиот трговец со уметнички дела Каспар Џоплинг, поранешен сопруг на пејачката Ели Голдинг, со кого е од септември 2025 година, а нивниот однос се труди максимално да го заштити од очите на јавноста.
Покрај љубовниот живот, Вајлд зад себе има и два подолги односи бракот со италијанскиот режисер Тао Русполи со кого се омажи на 19-годишна возраст, како и долгогодишната врска со актерот Џејсон Судеикис со кого ги има децата Отис и Дејзи.

На професионален план, таа моментално го промовира својот нов режисерски проект „Покана“ во кој глуми со Сет Роген, а воедно се подготвува и за премиерите на еротскиот трилер „Ја сакам твојата секс-привлечност“ и остварувањето во кое глуми со Педро Паскал.


