Фото: Screenshot

ВИДЕО | Фудбалер во Бразил доби црвен картон откако уринираше на терен пред почеток на натпревар

Напаѓачот Микаел од бразилскиот Сан Хозе доби црвен картон уште пред почетокот на натпреварот против Сао Каетано во рамки на Копа Паулиста, откако главниот судија го затекнал како уринира во близина на клупата за резервни играчи.

Главниот арбитар Густаво Оланда Соуза во својот службен извештај навел дека фудбалерот бил исклучен затоа што го напуштил теренот за да уринира покрај клупата на својот тим непосредно пред стартот на средбата.

Со оглед на тоа што црвениот картон бил покажан пред почетниот свиреж, Сан Хозе имал право да го замени Микаел со друг фудбалер, па натпреварот го започнал со полн состав, без бројчена негатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот