Фото/ Florencia Tan Jun / Getty images / Profimedia

Кукуреља: Меси се однесуваше детинесто

Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина донесе многу возбудувања, а еден момент од продолженијата привлече големо внимание и по последниот судиски свиреж.

Во обид да ја смири играта и да изврши дополнителен притисок врз судијата Славко Винчиќ, Лионел Меси реагираше кон Марк Кукуреља, сугерирајќи дека шпанскиот дефанзивец комуницирал со покриена уста, нешто што можеше да предизвика сомнеж кај арбитерот.

Сепак, Кукуреља тврди дека станувало збор за сосема безопасен момент и дека Меси претерал со својата реакција.

„Му кажав само дека неговите соиграчи се премногу агресивни. Дури и не обрнав внимание дали раката ми е близу до устата – веднаш ја тргнав. Немаше потреба да реагира така. Се однесуваше детски“, изјави шпанскиот репрезентативец.

Инцидентот се случи во период кога Аргентина веќе играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Енцо Фернандез, а Шпанија целосно го контролираше натпреварот и беше во потрага по победничкиот гол.

На крајот, „црвената фурија“ славеше со 1-0 по продолженијата благодарение на погодокот на Феран Торес и по вторпат во својата историја се искачи на светскиот фудбалски трон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот