Фото: Пливачки клуб Вардар 2018

Пливачите на Вардар со врвни пласмани на меѓународниот пливачки маратон во Косово

Изминатиот викенд на меѓународниот пливачки маратон „Batllava Lake“, во организација на Пливачката федерација на Косово, пливачкиот клуб Вардар 2018 настапи со само тројца пливачи, но сите се вратија со врвни пласмани.

Петар Цеков освои прво место на трката на пет километри, а беше и апсолутен победник и доби парична награда од 500 евра.

Неда Миленковска дојде до втората позиција на трката на пет километри, беше и второпласирана во апсолутна конкуренција (парична награда 300 евра).

Никола Велковски беше првопласирана на трката на 2,5 километри и беше апсолутен победник (парична награда 300 евра).

Меѓународниот пливачки маратон во Батлава собра пливачи од шест земји, нудејќи квалитетни натпревари во отворени води.

Фото: Пливачки клуб Вардар 2018

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот