Фото: илустрација / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Горивата пак поскапуваат — и покрај владината мерка со акцизата, сите одат над евро и пол

Горивата од утре повторно поскапуваат и одново ќе чинат повеќе од едно и пол евро за литар – најмногу ќе порасне цената на дизелот, кој поскапува за шест денари, а бензините ќе чинат три денари повеќе, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Во Одлуката на РКЕ е применета Одлуката на Владата за намалени износи на акцизите за 1,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и намален износ на акцизата за 2,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 7 денари по литар, додека цената на мазутот се зголемува за 3,205 денари по килограм.

Владата претходно донесе одлука за намалување на акцизите на бензините и дизел-горивото, за да се ублажи поскапувањето, кое и покрај тоа е значително.

Еве ги новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ:

БС-95 – 90,00 (денари/литар)
БС-98 – 92,00 (денари/литар)
Дизел – 94,00 (денари/литар)
Екстралесно масло – 93,00 (денари/литар)
Мазут – 45,373 (денари/килограм)

Ќе се продава само гориво што ги исполнува стандардите – нова уредба по 19 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот