Трамп и Инфантино во ВИП-ложата за време на финалето на Светското првенство / фото: MagentaTV / Икс / скриншот

ВИДЕО | Томас Милер брутален во германскиот пренос: Трамп и Инфантино, фасцинирани од моќта и од самите себе

На социјалните мрежи се споделува снимка од преносот на финалето на Светското фудбалско првенство за германската публика, на која се гледаат моментите кога камерата ги улови првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и американскиот претседател Доналд Трамп како уживаат во разговор во ВИП-ложата на стадионот, а притоа Инфантино го држи пехарот во скутот.

Вниманието го привлече коментарот на германскиот пренос на „Магента ТВ“, каде мечот го коментираше Волф Фус, но со свои видувања за време на натпреварот се вклучуваше легендарниот Томас Милер. Тој не ги штедеше двајцата моќници, проникливо забележувајќи што е тоа што ги поврзува Трамп и Инфантино.

Откако коментираа дека тоа што претседателот на ФИФА го држи пехарот во рацете е прекршување на сите правила на ФИФА, стручниот коментатор Милер, кој сега игра во американската МЛС лига, продолжи:

„Трамп и Инфантино, како создадени еден за друг… фасцинирани од моќта… и од себеси…“

Финансискиот аспект на Светското првенство — како фудбалот стана глобална индустрија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот