Невреме, откорнати дрвја во Дојран / Фото: Фејсбук - Илија Тентов, градоначалник на Дојран

ФОТО: Силно невреме синоќа го зафати Стар Дојран — откронати се дрвја, оштетени се натстрешници, урбана опрема на плажата, возила…

Силно невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град синоќа го зафати Стар Дојран, при што беа откорнати десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации. Паднати се јавори и борови, багреми и црници, оштетени се натстрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и покривот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа од општината.

Невреме, откорнати дрвја во Дојран / Фото: Фејсбук – Илија Тентов, градоначалник на Дојран

Според информациите од Доброволното противпожарно друштво „Дојран“, кое прво излезе на теренот да интервенира, големи дрвја се паднати во градскиот парк и на игралиштето со справи за вежбање. Паднати дрвја имало и кај детскиот рингишпил на шеталиштето кај хотелот „Романтик“, пицеријата „Вавилон“, на главниот пат поради што извесен период патот бил прооден само во една сообраќајна лента, а неколку часови во прекин била и електричната енергија од безбедносни причини.

Невреме, откорнати дрвја во Дојран / Фото: Фејсбук – Илија Тентов, градоначалник на Дојран

„Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со материјална штета. Екипите на ДППД Дојран и доброволна група граѓани, екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатите дрвја и причинетите штети, и на терен ќе останат цела ноќ, сè до нивно расчистување“, објави на Фејсбук градоначалникот на Дојран, Илија Тентов.

Невреме, откорнати дрвја во Дојран / Фото: Фејсбук – Илија Тентов, градоначалник на Дојран

Тој упати апел до сите граѓани да пријават непроодни улици, поплавени куќи, подруми, со цел да се интервенира брзо и соодветно.

ВИДЕО | Србија ја зафати големо невреме, улиците во Златибор станаа реки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот