Реката Сава, Фото: Wikipedia / Frka

Трагичен епилог на големата потрага во Сава — хрватските служби најдоа три тела

Големата потрага по тројцата исчезнати странски државјани, кои во неделата попладне влегле во реката Сава на подрачјето на општина Ругвица во Хрватска, заврши трагично. Пронајдени се три тела, а полицијата смета дека се работи за луѓето по кои се трагаше, пренесува ХРТ.

Според неофицијални информации на телевизијата, станува збор за државјани на Египет. Околностите под кои исчезнале сè уште се утврдуваат, но се претпоставува дека влегле во реката за да се капат, изјави Дарио Кезериќ, командант на Противпожарната заедница на Загрепската жупанија.

„За жал, потрагата заврши трагично. Од вчера од 14 часот бевме на терен со 16 пожарникари и четири пловни објекти, заедно со полицијата, хрватската служба за спасување (HGSS) и Црвениот крст. Синоќа ја прекинавме потрагата поради ноќните услови, а утрово ја продолживме. Пред околу еден час беа пронајдени две тела, а кратко потоа и третото. Сега треба да се утврди дали станува збор за лицата по кои трагавме“, изјави Кезериќ за ХРТ.

Доброволното противпожарно друштво од Ругвица и надлежните служби вчера соопштија дека трагаат по тројца машки странци кои во неделата попладне влегле во реката Сава на подрачјето на општината.

Кезериќ уште вчера предупреди дека Сава е исклучително опасна и непредвидлива река поради силните речни струи и можните вирови, што значително го зголемува ризикот од давење.

„Од полицијата неофицијално дознавме дека и нивните екипи имале проблеми при пребарувањето на тој дел од Сава, бидејќи струите се многу силни“, додаде Кезериќ.

Потрага по тројца странци во Хрватска — вчера влегле во Сава и исчезнале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот