Пумпи за вода во корито за отпадни води во селото Вруток / фото: МВР

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Владата прогласи кризна состојба во општина Гостивар во рок од 30 дена поради ситуацијата со водата за пиење.

Одлуката, како што велат, е на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови – министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, директорот на СОЗР Ивица Томовски, директорот на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на АХВ Оливер Миланов, директор на Инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

„Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок. Здравјето на граѓаните на Општина Гостивар останува фокус на Владата и посветени сме кон целосно решавање на овој проблем“, се вели во соопштението од Владата.

Дополнително, како што се посочува, Владата очекува Јавното обвинителство да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот, нагласувајќи дека одговорност мора да има за секој еден што го ставил во ризик здравјето и животите на гостиварци.

Директорката Асани, осомничена дека ја загадила водата во Гостивар, се појави во судот со шише чиста вода во рацете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот