Плажа Ниси на Родос, Грција/Фото: Wikimedia Commons

Како под вршник: 60 степени на патиштата во Грција, на покривите над 75 степени

Грција е на удар на топлотен бран, а според грчките медиуми, термалните камери регистрирале температури до 60 степени Целзиусови на асфалтот на патиштата и дури 75 степени Целзиусови на покривите на зградите во некои области, објавува „То Вима“.

Според податоците од мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната метеоролошка опсерваторија во Атина (meteo.gr), највисоката температура е забележана во Риза во Коринт, Макракоми во Фтиотида и Оленио во Илија, каде што живата достигна 41,1 степен Целзиус.

Екстремната топлина веќе зафати дел од Грција, бидејќи температурата од 40 степени Целзиусови беше надмината на повеќе од 24 метеоролошки станици.

Според податоците од Атинската метеоролошка опсерваторија, максималните вредности на 159 метеоролошки станици во Грција беа над 37 степени Целзиусови, што го потврдува интензитетот и географскиот опсег на феноменот на топлотен бран оваа година.

Сѐ повеќе туристи ја заменуваат Грција со оваа дестинација — ниски цени, чисто море и помалку гужви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот