Грчка полиција / Фото EPA-EFE/ALEXANDER BELTES

Маж со нож пробол двајца туристи блиску до атинскиот Акропол

Маж со нож утрово пробол и повредил двајца туристи во близина на древниот Акропол во Атина, соопшти грчката полиција, пренесува Катимерини.

Напаѓачот околу 8 часот, нападнал маж и жена, двајцата Грци со американско државјанство, во близина на влезот на Музејот на Акропол, кој се наоѓа во подножјето на ридот Акропол.

Според полиција, жената се здобила со полесна повреда на ногата, додека мажот бил потешко повреден, со убодни рани на раката.

„Напаѓачот е приведен, а повредените со возило на итната помош биле пренесени во болницата ‘Црвен крст’“, соопштија властите.

Идентитетот на напаѓачот засега не е познат, но полицијата соопшти дека, според првичните сознанија, тој најверојатно имал психолошки проблеми.

Нападот не довел до затворање на археолошкиот локалитет, кој продолжил да работи вообичаено. Грчките медиуми објавија дека напаѓачот наводно им се заканувал на минувачи со нож, по што граѓанин ја известил полицијата.

Според првичните информации, станува збор за 60-годишен грчки државјанин, кој и претходно бил апсен поради навредување на луѓе и поседување нож.

На ридот Акропол во Атина се наоѓа речиси 2.500 години стариот храм Партенон, како и други значајни антички споменици. Минатата година локалитетот го посетиле околу 4,6 милиони туристи.

Во Словенија е уапсен Босанецот кој со нож ја уби партнерката — телото го пронашол нивниот малолетен син

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот