Кристијано Роналдо/EPA/MIGUEL A. LOPES

ФОТО | Роналдо со еден потег покажа што мисли за Аргентина и за ФИФА

Кристијано Роналдо повторно се најде во фокусот на јавноста, овојпат поради една реакција на социјалните мрежи која предизвика големо внимание. Португалската ѕвезда со својот потег индиректно даде поддршка на тврдењата дека Аргентина имала одредени привилегии за време на Светското првенство.

Настапот на Португалија на Мундијалот заврши уште во осминафиналето, каде што тимот беше елиминиран од Шпанија. Токму Шпанците потоа во финалето ја совладаа Аргентина и стигнаа до својата втора светска круна.

Сепак, Роналдо очигледно внимателно ги следел случувањата на турнирот и беше забележано дека Португалецот стави „лајк“ на контроверзна објава во која шпанската новинарка Пилар Родригез Лосантос жестоко ја критикуваше ФИФА и изнесе тврдења дека Аргентина и Лионел Меси биле фаворизирани на патот до финалето.

„Аргентина требаше да биде елиминирана уште најмалку пет натпревари пред финалето. На турнирот останаа само благодарение на помошта од ФИФА, која е една од најкорумпираните институции во светот“, изјави Лосантос во емисијата.

Таа дополнително порача дека во финалето повеќе стравувала од првиот човек на светската фудбалска организација, Џани Инфантино, отколку од самата аргентинска репрезентација.

„Не се играше само против Аргентина, туку против целата ФИФА“, додаде шпанската новинарка.

Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Шпанците го понижија Роналдо на големата прослава во Мадрид

Трагичарот на Аргентина се огласи и не се извини: Има работи што се поважни од резултатот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот