Енцо Фернандез/EPA/SHAWN THEW

Трагичарот на Аргентина се огласи и не се извини: Има работи што се поважни од резултатот…

Фудбалерите на Аргентина загубија во финалето на Светското првенство од Шпанија со 1:0, а покрај очајната игра на „гаучосите“, за таквиот исход придонесе и црвениот картон на Енцо Фернандез.

Играчот на Челси беше исклучен во 93. минута, при резултат 0:0, откако доби втор жолт картон поради брутален старт врз Пау Кубарси. Со тоа ги остави соиграчите на цедило во продолженијата, кога Шпанците во 106. минута стигнаа до голот вреден за светската титула.

Фернандез се огласи по натпреварот, а иако многумина очекуваа јавно извинување до аргентинската јавност поради црвениот картон, тоа не се случи.

„Како што минува времето, сфаќаш дека постојат работи многу поважни од самиот резултат. Оваа група со години ја претставува нашата земја на најдобар можен начин. Нè учи дека натпреварувањето не значи само победа, туку дека за дресот треба да се даде сè од себе и никогаш да не се откажуваш. Горд сум што сум дел од оваа екипа, која секогаш беше тука, се бореше до максимум и ги бранеше овие бои со гордост, скромност и посветеност. Сакам да им се заблагодарам на сите аргентински навивачи. Ви благодарам што секогаш сте со нас, што нè следите на секој натпревар, за вашата љубов и безусловна поддршка. Поради вас се чувствуваме како дома каде и да сме во светот. Да се носи дресот на својата земја е најголемата чест во мојата кариера и ќе продолжам да давам сè од себе секогаш кога ќе го облечам“, порача Фернандез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enzo Fernández (@enzojfernandez)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот