Студена војна Инфантино – Чеферин, сè е поради пари
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го пропушти финалето на Светското првенство поради растечките тензии со ФИФА околу повеќе теми. Сепак, ако се погледне подлабоко, позадината на оваа „студена војна“ е поделба на финансискиот колач
Светското првенство во фудбал во 2026 година заврши со подигање на трофејот од страна на Шпанија откако ја победи Аргентина со 1-0, но настаните надвор од теренот привлекоа речиси исто толку внимание.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, одлучи да не присуствува на финалето, истакнувајќи го растечкото несогласување меѓу управното тело на европскиот фудбал и ФИФА.
Отсуство на Чеферин поттикна дискусија за сè поочигледното несогласување меѓу двете организации, со спорови кои се движат од дисциплински одлуки до назначувања на судии и слично.
Кој е „газда“ на фудбалот?
На светскоите првенства „газди“се ФИФА и Џани Инфантино. ФИФА е таа што, на хартија, го регулира глобалниот пазар на трансфери, ги распределува средствата за развој и преку Меѓународниот борд на фудбалски асоцијации (ИФАБ), ги надгледува правилата на играта.
Но, во однос на финансискиот надзор и комерцијално влијание, ФИФА веројатно не е толку моќна како УЕФА, која го води фудбалот во Европа.
Годишните приходи на УЕФА од продажбата на ТВ правата за нејзините клупски натпреварувања (Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига), се над пет милијарди долари. Од Европското првенство2028, УЕФА очекува да заработи две-три милијарди долари.
Растечката моќ и обемот на УЕФА се она што го поттикна експанзионизмот на Инфантино во последниве години. Затоа ФИФА го прошири Светското клупско првенство, кое порано беше како пријателски турнир. Во 2025 година, тоа беше фестивал на фудбал со 32 екипи со награден фонд од една милијарда долари.
Инфантино, исто така, го зголеми Светското првенство од 32 на 48 репрезентации, а сака да го зголеми на 64 тима од 2030 година. И негов сон е турнирот да се одржува на секои две години, а не на четири?!
УЕФА гледа чин на агресија
Што се однесува до УЕФА, кампањата на Инфантино за раст на натпреварувањата на ФИФА е чин на агресија. А шефот на УЕФА, Александар Чеферин, не пропушти можност да постигне поени против Инфантино во „пи-ар“ војната меѓу двете организации.
Најново беше бојкотот на мундијалското финале од страна на Чеферин поради начинот на кој Инфантино се однесуваше кон американскиот претседател Доналд Трамп и одлуката на ФИФА да го поништи црвениот картон на напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун за време на Мундијалот.
Сè појасно е дека УЕФА се позиционира како анти-ФИФА и дека таа тенденција ќе продолжи…
Финансискиот аспект на Светското првенство — како фудбалот стана глобална индустрија?
ФОТО | Роналдо со еден потег покажа што мисли за Аргентина и за ФИФА
Рекордна посетеност на Мундијалот – речиси седум милиони луѓе на стадионите


