фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Модриќ ќе се збогува од Хрватска во натпревар против светските шампиони?

Лука Модриќ е сѐ поблиску до крајот на својата богата репрезентативна кариера, а според пишувањата на италијанските медиуми, легендарниот хрватски капитен би можел да се прости од националниот тим веќе на почетокот на октомври.

„Газета дело Спорт“ објави дека искусниот играч од средниот ред има намера да го одигра претстојниот репрезентативен циклус, односно првите четири натпревари од Лигата на нации, а потоа целосно да се насочи кон клупските обврски во Милан, каде што ќе настапува и следната сезона.

„Модриќ целосно ќе му се посвети на Милан по 6 октомври, кога ќе се прости од хрватската репрезентација на натпреварот од Лигата на нации против Шпанија во Сплит. Одлуката веќе му ја соопштил на селекторот Славен Билиќ, а наскоро за неа ќе бидат информирани и навивачите“, пишува италијанскиот весник.

Доколку ваквите најави се потврдат, натпреварот против Шпанија на стадионот „Пољуд“ ќе биде последен репрезентативен настап за Модриќ, пред повеќе од 30.000 хрватски навивачи.

Зад себе, хрватскиот маестро има импресивна репрезентативна кариера со 202 настапи и 29 погодоци. Со националниот тим стигна до историското сребро на Светското првенство во Русија во 2018 година, а четири години подоцна го освои и бронзениот медал на Мундијалот во Катар.

Веќе нема дилеми, позната е иднината на Модриќ

Ибрахимовиќ: Да бев на теренот, ќе го удрев Паредес со глава


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот