ВИДЕО | Eден аргентински репрезентативец не беше како останатите и покажа почит кон Шпанците
Иако голем дел од аргентинските репрезентативци се најдоа на удар на критиките поради однесувањето по поразот во финалето на Светското првенство, еден од нив се издвои со својот спортски дух и заслужено доби пофалби од јавноста.
Препорачано
Станува збор за Хозе Мануел Лопез – Флако, напаѓач на бразилски Палмеирас, кој на Мундијалот настапи на два натпревари и запиша една асистенција.
Аргентина беше поразена од Шпанија со 1:0 во големото финале, по што разочарувањето кај „гаучосите“ беше очигледно. Непосредно по последниот судиски свиреж дојде до тензии и турканици на теренот, а тие тензии доведоа и до неспортски гест од страна на Аргентинците на доделувањето на шампионскиот трофеј на Шпанците.
Додека шпанските фудбалери го славеа освојувањето на светската титула, повеќето аргентински играчи им свртеа грб на шампионите, потег што многумина го оценија како недостаток на спортска култура и почит кон противникот.
За разлика од своите соиграчи, Лопез остана на своето место и достоинствено ја проследи церемонијата, покажувајќи респект кон новите светски шампиони. Неговиот гест беше оценет како пример за фер-плеј, особено ако се има предвид дека претходно шпанските репрезентативци им приредија шпалир на Аргентинците при врачувањето на сребрените медали.
Tem que respeitar José Manuel “Flaco” Lopez o único que respeitou título da Argentina. Papai Abel Ferreira deve estar feliz. pic.twitter.com/MKui64cRFg
— Primo (@primorebechi) July 21, 2026
ФОТО | Роналдо со еден потег покажа што мисли за Аргентина и за ФИФА
ВИДЕО | Меси не се појави на дочекот од навивачите со соиграчите во Буенос Аирес


