Пумпи за вода во корито за отпадни води во селото Вруток / фото: МВР

Осомничените за труењето на гостиварци одат 30 дена во „Шутка“, судот им определи притвор

Основниот суд во Гостивар, по предлогот на Обвинителството, им определи мерка притвор во траење од 30 дена на тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар. Тие мерката ќе ја издржуваат во КПУ „Затвор Скопје“, познат како „Шутка“.

Судијката Драгослава Веселинова информираше дека судија на претходна постапка во целост го прифатил предлогот на ОЈО Гостивар за притвор во кој ќе се најдат директорката на комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и раководителите Леон Нуредини и Вадедин Дервиши.

Против нив се води истражна постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против животната средина и природата“, откако, според Обвинителството, свесно поставиле пумпи во корито со отпадна вода, која потоа стигнала во градскиот водовод и предизвикала труење на илјадници луѓе со фекални бактерии.

Според образложението на судот, притворот е определен поради тежината на делото и висината на можната казна, која предвидува најмалку четири години затвор. Дополнително, оценето е дека доколку осомничените се бранат од слобода, постои реален ризик од бегство, како и можност да влијаат врз сведоците кои треба да бидат сослушани.

Долгорочни последици од долгорочно пиење фекалии – тешко ќе се исчистат цевките, а здравјето на гостиварци ќе трпи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот