Фото: Фејсбук / Стари скопјани / Decko Jaz

Осум луѓе се во болница по силното невреме кое остави пустош во Скопје

Осуммина повредени луѓе се згрижени во скопските болници откако биле повредени во страотното невреме кое попладнево го погоди главниот град, објави порталот „Прес24“.

Според првичните информации, четворица се згрижени во Ургентниот центар, а другите во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им е укажана неопходната медицинска помош.

Меѓу повредените е и 86-годишна жена од населбата Чаир, врз која паднало дрво. Таа со тешки повреди на главата е пренесена на Ургентниот центар. Еден повреден човек со расеченица на челото самостојно побарал лекарска помош во болницата „8 Септември“.

Фото: Слободен печат

Надлежните институции најавуваат повеќе информации за состојбата на повредените во текот на вечерта.

Фото: Слободен печат

Невремето со силен, оркански ветер, остави пустош во сите скопски населби – собори стотици дрвја и корнеше покриви. Настрада и огромниот јарбол на кружниот тек кај трговскиот центар „Ист гејт“, а на Скопскиот аеродром прокисна покривот и патниците мораа да газат низ езера во холот.

ВИДЕО | Паднат е огромниот јарбол кај „Ист гејт мол“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот