Фото: Слободен печат

Болниците во Скопје се полнат по невремето — 15 луѓе се повредени, врз нив паѓале дрвја, лим, ќерамиди…

Петнаесет граѓани се повредени во силното невреме што попладнето го зафати Скопје. Деветмина се примени на Трауматологија, а шестмина во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”.

Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски изјави дека двајца луѓе имаат потешки повреди – една жена е со повреда на главата и таа е згрижена на Клиниката на неврохирургија, додека другата има скршена рака.

Шестемина повредени луѓе кои се примени на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”, како што изјави директорот, д-р Небојша Настов, имаат расеченици и набиеници и тие се третираат амбулантски.

Тројца од повредените по амбулантскиот преглед се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување.

„Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно лекување. Еден пациент е повреден при пад на дрво и го закачиле гранките, еден е повреден од лим кој паднал од некој покрив, а еден е повредени од паднати керамиди“, додаде д-р Настов.

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски, изјави дека кај нив не се примени повредени во невремето во Скопје, но дека ветрот предизвикал огромна материјална штета, најмногу на покривот.

„Треба да излезе проценител на терен и да направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема штета имаме на кровот и кровната конструкција“, вели директорот на Градската општа болница „8 Септември“.

ВИДЕО | Дрво што падна за влакно промаши автомобил, невремето остави пустош и во Градскиот парк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот