Марк и Надија - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Марк Ентони стана татко по осми пат – со 30 години помладата сопруга го добија второто дете

Латино-ѕвездата Марк Ентони (57) и неговата сопруга, поранешната мисица Надија Фереира (27), го добија своето второ заедничко дете, а за пејачот стана татко по осми пат. Среќната вест парот ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм, објавувајќи неколку фотографии од новородената ќерка на која ѝ го дадоа името Мајла, пишува „Пипл“. 

„Голем благослов е што можеме со вас да го споделиме доаѓањето на нашата драгоцена Мајла. Не можете ни да ја замислите среќата што ја чувствуваме во нашиот дом“, напиша парот под заничкиот пост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadia Ferreira (@nadiaferreira)

Малата Мајла му се придружи на нивниот постар син Марк, кој се роди во јуни 2023 година. Бременоста официјално ја потврдија во јануари годинава, а во март открија и дека очекуваат девојче.

Ентони и 30 години помладата Надија се венчаа во мај 2023 година во Мајами, а за музичарот ова е четврти брак. Тој зад себе има плоден семеен живот со четири различни жени.

Неговото најстаро дете е ќерката Аријана, родена во 1994 година од врската со Деби Росадо, со која го посвоија и синот Чејс. Од бракот со танчерката Дајанара Торес ги има синовите Кристијан (25) и Рајан (22), додека од десетгодишниот брак со Џенифер Лопез ги има 18-годишните близнаци Максимилијан и Оскар.

Запоставувањето на обврските околу најмладите близнаци неодамна го стави пејачот во фокусот на јавноста, откако Џенифер Лопез во едно гостување јавно истакна дека децата ги воспитувала речиси без никаква негова помош, а тој дополнително предизвика критики откако не се појави ниту на нивната матурска прослава.

ФОТО | Татко по осми пат: Марк Ентони и неговата 31 година помлада сопруга открија дека очекуваат второ дете

ВИДЕО | Џенифер Лопез повторно провоцира во смелa моднa комбинациja – танцуваше во тесен проѕирен комбинезон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот