Џенифер Лопез „удри“ по поранешниот сопруг: „сè направив сама“
Додека нејзините близнаци Еме и Макс ги пакуваат куферите за факултет, Џенифер Лопез одлучи јавно да проговори за товарот на самохраното родителство. Латино дивата отворено го критикуваше својот поранешен сопруг, пејачот Марк Ентони, истакнувајќи дека поголемиот дел од воспитувањето на децата го направила без негова поддршка.
Препорачано
Гостувајќи во поткастот „SmartLess“, 56-годишната пејачка и актерка Џенифер Лопез станала многу емотивна зборувајќи за пресвртницата во животот на своите деца. Иако таа и Марк Ентони беа во брак една деценија, нејзините најнови изјави сугерираат дека патот до успехот на нивните деца е речиси целосно нејзина заслуга.

Горда мајка на идни студенти
Лопез не го криела своето воодушевување од фактот дека нејзините 18-годишни близнаци успешно го завршиле средното училиште и дека продолжуваат на факултет.
„И моите деца се запишаа на сите факултети што ги сакаа, двајцата добија стипендии и одат каде што посакаат“, изјавил гордо.
Остра порака до Марк Ентони
Најмногу прашина крена нејзиниот коментар за недостатокот на помош од поранешниот сопруг во текот на годините на растење на близнаците. Опишувајќи го внатрешниот дијалог што го водела самата со себе, Лопез била брутално искрена: „Беше тоа како… си реков: ‘Сето ова го направи сама. Тоа е одлично. Имаше мошне мала помош, знаеш?’.
Овие изјави дојдоа кратко откако Марк Ентони не се појави на матурата на своите деца во средно училиште. Еме и Макс ги прославија своите дипломи без таткото.
View this post on Instagram
Тешките денови на самохраното мајчинство
Лопез се присетила и на темниот период по нивниот развод во 2014 година, признавајќи дека тоа бил „навистина тежок период“ за неа. Таа се борела како самохрана мајка на две тогаш тригодишни близнаци и во еден момент била блиску до откажување од сè. Спасот го нашла во советите на Луиз Хеј, која ѝ помогнала да ја преброди кризата со метафората за танцот.
„Ми рече: ‘Кога учиш да танцуваш и ќе ги погрешиш чекорите, што правиш?’ Јас одговорив: ‘Само продолжувам додека не ги погодам чекорите.’ А таа рече: ‘Така е, Џенифер. Секогаш продолжувај да танцуваш’.
Различни животни патишта
Додека Џенифер Лопез сега е повторно слободна по разводот од Бен Афлек, а Марк Ентони е во брак со 27-годишната манекенка Надија Фереира. Двојката во моментот го очекува второто заедничко дете, кое ќе биде вкупно осмо дете на пејачот. Иако поминале години заедно, се чини дека јазот меѓу поранешните сопружници, барем кога станува збор за родителските должности, е поголем од кога било.
Џенифер Лопез откри дека два месеци плачела поради заминувањето на близнаците на факултет


