ВИДЕО | Потресно видео од последните месеци на Дејви Чејс, ѕвездата на „Прстенот“ – блиските очајнички се обидувале да ѝ помогнат
Поранешната ѕвезда Дејви Чејс, која јавноста најдобро ја памети по улогата на Самара во хорор-хитот „Прстенот“, како гласот на Лило во анимираниот филм „Лило и Стич“, почина на 35-годишна возраст. Како што пренесуваат странските медиуми, Чејс починала од сепса и менингитис, откако претходно била примеена во болница поради тешка ненахранетост, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Нејзиниот менаџер Џон Рајан откри дека актерката со месеци живеела во вистински пекол, додека нејзините најблиски очајнички се обидувале да и го спасат животот.
Очајничка потрага низ озлогласените маала на Лос Анџелес
Менаџерот Џон Рајан, кој соработувал со актерката повеќе од една деценија, и нејзината полусестра Гаја Браун, уште пред една година ангажирале приватен детектив за да ја пронајдат Чејс и да и помогнат. Кон крајот на 2025 година, тие биле алармирани за шокантно видео на социјалните мрежи, каде што актерката била снимена во критична состојба, екстремно слаба и едвај свесна на подот во шатор во озлогласениот кварт „Скид Роу“ во Лос Анџелес, познат по бездомништвото и криминалот.
View this post on Instagram
Иако менаџерот веднаш се упатил таму за да ја спаси и да ја однесе на лекување во Коста Рика, Чејс веќе исчезнала. Пред нејзината смрт, Рајан работел и на документарен филм за потрагата по актерката, насловен „Пронаоѓањето на Лило“ (Finding Lilo).
Драма околу парите за нејзиниот погреб
По смртта на актерката, во јавноста изби дополнителен скандал откако нејзиниот наводен дечко Рој Хернандез отворил сметка на платформата „GoFundMe“ за собирање пари за нејзиниот погреб.
View this post on Instagram
Менаџерот на Чејс веднаш реагираше и ја предупреди јавноста дека станува збор за сомнителна акција, со оглед на тоа што никој од семејството и пријателите не слушнал за тој човек, нагласувајќи дека актерката има посебен фонд кој ги покрива сите трошоци. Од друга страна, Хернандез во својата емотивна порака напиша дека Девеј имала тешко детство и болно минато со семејството, и дека тој бил единствениот кој и пружил љубов и заштита на улиците во Лос Анџелес до нејзините последни денови.
ФОТО: Како денес изгледа најстрашното девојче од нашето детство?


