Основен суд-Штип / Фото: Google Maps / Nitro Computers

Укината е казната доживотен затвор за штипјанецот Зарков, кој со нож ја уби сопствената мајка

Апелацискиот суд во Штип ја укина пресудата со која штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја уби сопствената мајка, беше осуден на доживотен затвор. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд во Штип.

Од Апелација велат дека Зарков, кој почнал да ја издржува казната, по оваа одлука се враќа во притворски оддел.

Казната доживотен затвор на мајкоубиецот му беше изречена во февруари годинава, бидејќи лани на 8 август во раните утрински часови ја уби 84-годишната Марија Заркова. Убиството го извршил во семејниот дом, со нож, по што се јавил на бројот за итни повици. Судечкиот судија, Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип при изрекување на пресудата рече дека станува збор за најтешко кривично дело убиство, а заштитата на човековиот живот има апсолутен карактер и животот е природно човеково право.

Според архивата на судот, Зарков во три наврати е суден за извршено семејно насилство.

Млад штипјанец ја убил девојката, вечерва самиот се предал во полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот