Рита Ора / Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

ВИДЕО | Рита Ора испрати видеопорака пред концертот во Охрид: Подготвени ли сте за незаборавна вечер?

Музичката ѕвезда Рита Ора испрати специјална видеопорака до македонската публика во пресрет на спектаклот што на 1 август ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Во неа, светската поп ѕвезда ги кани сите љубители на добрата музика да бидат дел од незаборавната вечер која на 1 август ќе го претвори Охрид во центар на музичките случувања на Балканот.

По настапите на најпрестижните светски сцени, милијардите стримови и соработките со најголемите имиња во музичката индустрија, Рита Ора ова лето доаѓа во Македонија, а овој настан веќе се наметнува како еден од најголемите во регионот.

Заедно со Рита Ора, на сцената ќе настапат и словенечката пејачка Сенида и македонската група „2Бона“, носејќи вечер исполнета со хитови, спектакуларна продукција и незаборавна атмосфера.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот