Плажата во Неа Каликратија / Фото: Светислав Вучовиќ / Google Maps

Ужасна вест од Халкидики: жена од Македонија се удави во Егејското Море

Туристка од Македонија вчера попладнето се удавила на една од плажите во близина на грчкото место Неа Каликратија на Касандра, првиот крак на полуостровот Халкидики, јавуваат грчките медиуми.

75-годишната жена била извлечена од морето во Неа Каликратија. Итно била повикана брзата помош, која ја пренела во болницата во блискиот град Неа Мудања, каде лекарите можеле само да ја констатираат смртта.

За случајот се води предистражна постапка од страна на Второто пристанишно одделение во Неа Мудања, при Централната пристанишна управа во Солун. Наредено е врз телото на починатата жена да се изврши обдукција, како и судско-медицинско вештачење во Службата за судска медицина во Солун.

Трагедија во Грција: 77-годишна Србинка се удави во Ханиоти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот