Дрон шпионирал тренинг на Јужна Кореја, мексиканската војска го соборила
Необичен инцидент се случил во пререт на натпреварот меѓу Јужна Кореја и Мексико на Светското првенство, откако нерегистрра дрон бил забележан над тренинг-кампот на азиската репрезентација.
Препорачано
Според информациите, мексиканските воени сили го откриле леталото со специјализирана опрема за надзор и веднаш го неутрализирале пред да предизвика поголеми проблеми.
ФОТО | Потег за почит: Далиќ му врачи подарок на Тухел пред мундијалскиот дуел
Селекторот на Јужна Кореја потврди дека дронот се појавил за време на тренингот во средата, но нагласи дека инцидентот не влијаел значително врз подготовката на неговиот тим.
Мексиканските власти не открија дали некој е приведен поради случајот. Федерален функционер изјавил дека во изминатите денови биле соборени неколку дронови кои се обиделе да навлезат во безбедносните зони околу стадионите во Мексико Сити, Гвадалахара и Монтереј, како и во базните кампови на репрезентациите и навивачките зони.
Организаторите на Светското првенство воведоа засилени безбедносни мерки за да спречат какви било обиди за шпионажа или нарушување на натпреварувањето.


