Фото: EPA-EFE/Fredrik Varfjell

Головите на Халанд предизвикаа земјотрес во Норвешка

Со победа над Ирак, фудбалската репрезентација на Норвешка го одбележа своето враќање на Светското првенство по пауза од 28 години, а главна ѕвезда на натпреварот повторно беше Ерлинг Халанд, кој постигна два од четирите погодоци за „Викинзите“.

Халанд уште еднаш ја потврди својата голгетерска форма и беше клучен човек во убедливиот триумф, кој предизвика огромна еуфорија меѓу навивачите во Норвешка.

Радоста по неговите голови, сепак, отиде чекор подалеку од вообичаеното славје. Според локални извештаи и експертски мерења, силната еуфорија на навивачите во моментите на погодоците била доволна да предизвика и мал земјотрес.

„Во среда навечер, сеизмолошката станица во Берген регистрираше јасни сигнали во близина на станицата за време на натпреварот од Светското првенство, помеѓу Норвешка и Ирак. Најголемите осцилации се совпаднаа со головите на Ерлинг Браут Халанд, што предизвика силни овации кај норвешките навивачи. Сигналите веројатно се резултат на овациите и движењата меѓу норвешките навивачи кои го следеа натпреварот во Берген “, се вели во соопштението на институтот NORSAR.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Невидливиот Роналдо ја угуши Португалија, Англија ја наполни мрежата на Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот