Џани Инфантино и Доналд Трамп/ EPA/MICHAEL REYNOLDS

Англиски навивачи може да бидат избркани oд Мундијалот — ги навредувале Трамп и британскиот премиер

Англиски навивачи кои допатуваа на Светското првенство во САД се соочуваат со можност да бидат отстранети од стадионите доколку пеат навредливи песни насочени кон американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер.

Предупредувањето пристигна во пресрет на првиот натпревар на Англија на турнирот, во кој избраниците на Томас Тухел ја совладаа Хрватска со 4-2, објавија британските медиуми.

Англија се натпреварува во групата Л, а по дуелот со Хрватска во Тексас, ја очекуваат натпревари против Гана и Панама. Навивачите сонуваат за првиот голем трофеј на репрезентацијата уште од Светското првенство во 1966 година, но дел од нивното внимание е насочено и кон политичките пораки што се слушаат од трибините.

За време на пријателскиот натпревар во Орландо минатата седмица се слушале навредливи скандирања упатени кон британскиот премиер Стармер, а според медиумските извештаи, истите песни одекнувале и во угостителските објекти во Далас пред средбата со Хрватска.

Навивачи упатувале навредливи пораки и кон американскиот претседател Доналд Трамп, поради што би можеле да се соочат со санкции од ФИФА.

Според правилата на ФИФА, натпреварите мора да останат политички неутрални настани. Забрането е внесување транспаренти, знамиња и облека со политичка, навредлива или дискриминаторска содржина, а кодексот на однесување изречно забранува употреба на навредлив говор и гестови.

Англискиот фудбалски сојуз наводно веќе разговара со ФИФА во обид да се најде решение пред следните натпревари. Навивачите се советувани да ги понесат своите знамиња, но и да бидат подготвени на можноста редарските служби да не им дозволат внесување на стадионите.

Од Англискиот фудбалски сојуз порачаа дека навивачите биле навреме информирани дека Светската фудбалска федерација може да забрани внесување на знамиња со чувствителна или политичка содржина и дека нивните претставници на терен се подготвени да помогнат доколку се појават проблеми.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Невидливиот Роналдо ја угуши Португалија, Англија ја наполни мрежата на Хрватска

ВИДЕО | Бројките не лажат: Роналдо е проблем за Португалија, го критикуваше и Анри

ВИДЕО | Необична сцена на Мундијалот — фудбалер на Узбекистан повреди камерман

Откриена причината за солзите на Меси против Алжир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот