Бразил/EPA/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/

ВИДЕО | Куња и Винисиус го водеа Бразил до прва победа на Мундијалот, Мароко подобар од Шкотска

Бразил стигна до првиот триумф на Светското првенство, откако во рамките на второто коло убедливо го совлада Хаити со 3-0. Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме, а клучна улога имаше Куња, кој ја оправда довербата на селекторот Анчелоти.

По ремито на стартот од турнирот, Бразилците влегоа решително во дуелот со Хаити, а резултатот беше отворен во 23. минута преку Куња. Истиот играч повторно се запиша во листата на стрелците во 36. минута, носејќи сигурна предност од 2-0 за „кариоките“.

Во судиското надополнување на првото полувреме, Винисиус Жуниор стави точка на натпреварот со третиот погодок и ги постави конечните 3-0.

Мароко претходно забележа минимална победа од 1-0 против Шкотска. Единствениот гол на средбата беше постигнат уште во втората минута, кога Саибари ја искористи првата посериозна можност и донесе три бода за својата селекција.

По две одиграни кола во групата, Бразил и Мароко се на врвот со по четири освоени бодови. Шкотска има три бода, додека Хаити останува без бодовно салдо и со значително намалени шанси за пласман во следната фаза.

ВИДЕО | Парагвај победи и со играч помалку, крај на Мундијалот за Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот