Канада Фото: EPA/BOB FRID

Историска ноќ за Канада: Шестка за Катар и пласман во нокаут-фазата

Канада испиша историја на Светското првенство, откако со убедливи 6-0 го декласира Катар и ја забележа својата прва победа на мундијалите.

Херој на вечерта во Ванкувер беше Џонатан Дејвид, кој постигна хет-трик, додека во листата на стрелците се запишаа и Кајл Ларин и Нејтан Салиба. Еден погодок беше дело и на автоголот на Мохамед Манаи.

ВИДЕО | Швајцарија убедлива против БиХ, направи важен исчекор кон нокаут-фазата на СП

Натпреварот, сепак, го одбележа и тешката повреда на Исмаел Коне. Канадскиот играч од средниот ред заработи скршеница на левата нога по стартот на Асим Мадибо, кој по интервенцијата доби директен црвен картон. Претходно, Катар остана со играч помалку и по исклучувањето на Хомам Ахмед во првото полувреме.

Со оваа убедлива победа, Канада обезбеди пласман во нокаут-фазата уште пред последното коло и се искачи на врвот на табелата во групата Б.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот