Брзо возење / Фото: МВР

Уапсен Србин кој со „порше“ летал со 188 километри на час на автопатот Куманово-Скопје

Полицајци синоќа уапсиле српски државјанин кој со „порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, приведен е 30-годишниот Б.С. од Република Србија.

„При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час“, соопшти МВР.

Од МВР додаваат дека поради сторениот прекршок, возилото е одземено, возачот е приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

„Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните, наведуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Натрапник сакал да влезе дома кај две млади жени во Аеродром — кај едната успеал, ама го набркала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот