СДСМ: Мицкоски сака предвремени избори, но нема алиби од опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски сака предвемени избори затоа што нема резултати, а снемува и пари, реагираат од опозицискиот СДСМ.

„Мицкоски порача дека нема план за предвремени избори, но дека е подготвен доколку опозицијата го предизвика. Оваа реченица е копи-пејст од неговиот ментор и шеф на сестринската партија од Србија, Александар Вучиќ. Реалноста е дека Мицкоски сè работи по ист модел – де факто и де јуре. Исти наратив, исти фрази, иста стратегија. Прво ги навреди сите граѓани кои се за Европска унија, нарекувајќи ги „талог на општеството“, „коленичари“, „медиокритети“ и „мекотели“. Истиот наратив што Вучиќ го користи за граѓаните на соседните земји кои се залагаат за европски пат. Ние нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори. Од нас тоа нема да го добие“, соопштија од СДСМ.

Оттаму додаваат дека останува да се види кој од опозицијата, „од сателитите на ВМРО“, ќе биде искористен за да го повика Мицкоски на предвремени избори.

„Сценариото постои, глумците со бугарски пасоши ги знаеме, а режисерот „патриот“ со скапи часовници ни е премногу добро познат. Мицкоски сака предвемени избори затоа што нема резултати, а снемува и пари. Сака избори затоа што сака да го преживее политичкиот колапс што сам го предизвика. Но граѓаните не се наивни, знаат сè. Не е прашање дали опозицијата е подготвена, туку дали се подготвени граѓаните на Македонија за предвремени избори. Дали се подготвени нивните паричници и фрижидери. Дали се подготвени граѓаните да останат дома и да му дозволат на Мицкоски уште повеќе да ја уништи економијата, да ја изолира државата и населението да го доведе до работ на сиромаштијата“, посочија од СДСМ и нагласија дека, кога премиерот ќе ги распише изборите, граѓаните не смеат да останат дома.

Кога Мицкоски прозива, сите молчат и ракоплескаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот