Доктор Никола Васев екс-медицински директор на Онкологија и Нехат Нухи, екс-економски директор на Клиниката за онкологија / Фото „Слободен печат“ Драган Митревски
Доктор Никола Васев екс-медицински директор на Онкологија и Нехат Нухи, екс-економски директор на Клиниката за онкологија / Фото „Слободен печат“ Драган Митревски

Нино Васев и Нехат Нухи заедно дале гаранција од над 500 илјади евра за да се бранат од слобода

Поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, за да се бранат од слобода и да им биде укината мерката притвор, и двајцата понудиле хипотека на недвижен имот чија заедничка вредност надминува 500 илјади евра.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната Никола Васев и Нехат Нухи за укинување на мерката притвор со определување гаранција, го уважи предлогот, а позитивно мислење дало и Јавното обвинителство.

На обвинетиот Нино Васев му е определена гаранција во износ од 183.981 евра во корист на Македонија која се состои од ставање под хипотека на недвижен имот, додека на обвинетиот Нехат Нухи му е определена гаранција во износ од 348.049 евра, исто така со ставање под хипотека на недвижен имот. На обвинетите им се определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето во Скопје, обврска еднаш месечно да се јавуваат во судот и привремено одземање на патните исправи и забрана за издавање нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

При одлучувањето, покрај позитивното мислење на Јавното обвинителство, Советот го имал предвид и фактот дека мерката притвор, определена со решение на Апелациониот суд Скопје, согласно законските одредби, може да биде продолжувана и да трае најдоцна до 18 јули 2026 година.

Со оглед дека надлежното обвинителство се откажа од правото на жалба против овие решенија, а хипотеката понудена како гаранција е веќе впишана во Катастарот на недвижности, истите станаа правосилни, по што обвинетите се ослободени од притвор, информираше Кривичниот суд Скопје.

Судење Онкологија: „Фезго“ не се дава кај рак на дебело црево, ниту „херцептин“ кај хер негативен рак на дојка тврдат двајца онколози во судница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот