Азир Алиу / Фото Министерство за здравство
Азир Алиу / Фото: Министерство за здравство

Здравствениот систем нема да се креира според желби на фамилијарни традиции, уверува Алиу

Министерот за здравство, Азир Алиу, во продолжение на интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ се осврна на горливите проблеми со приватните специјализанти, дефицитот на стручен кадар како цитолозите и административните кочници кои ги заглавуваат капиталните проекти во здравството.

Шок за министерот: Дел од приватните специјализанти работат приватно наместо да учат на дежурства, објави 4news.mk

Говорејќи за менаџерскиот пристап, Алиу истакна дека секогаш ги сослушува двете страни на проблемот. По средбата со приватните специјализанти и анализата на информациите од администрацијата, тој се соочил со факти кои, како што вели, биле вистински шок за него.

„Дознав дека дел од приватните специјализанти, за жал, не одат на дежурства и дежурни турниси во државните клиники, туку одат да работат во приватни здравствени установи за да заработат дополнителна плата, бидејќи месечните примања од државата им се мали, околу 24.000 денари. Тоа за мене е страшно. Колку и да е мала таа сума, и покрај тоа што исплатата им доцнеше со месеци поради административни процедури, недозволиво е да се оправдува неодењето на задолжителна пракса. Утре сите ние ќе бидеме пациенти на тие доктори. Процесот на специјализација мора да се одвива строго по дефинираниот курикулум и потпишаниот договор, а претераната емпатија од менторите кои им прогледувале низ прсти со изговорот ‘греота е, нема пари’ мора да престане“, дециден е Алиу.

Тој најави дека по расчистувањето на административните пречки, сите приватни специјализанти ќе бидат навремено информирани за исплатите и за новиот начин на контрола.

За првпат во Македонија, робот им помагаше на лекари да оперираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот