Фото: PXhere / Creative Commons Attribution 3.0 License / илустрација

Натрапник сакал да влезе дома кај две млади жени во Аеродром — кај едната успеал, ама го набркала

Две сосетки на возраст од 33 и 34 години преживеале вистинска драма вчера попладне во скопската општина Аеродром, кога натрапник најпрвин се обидел да влезе во станот на едната, а потоа успеал да влезе дома кај другата жена, која успеала да го истурка, соопшти полицијата.

„На 17.06.2026 во 15:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:00 часот се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена, а потоа се обидел да влезе и во станот кај нејзината 34-годишна сосетка која успеала да го истурка надвор. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Три деца пронајдени без свест во Куманово, најверојатно се затруле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот